Македонскиот селектор Благоја Милевски дополнително го повика Кире Маркоски во националниот тим за следните два меча со Исланд и Романија во овој квалификациски прозорец за Светското првенство 2022 година во Катар против Исланд на гостински терен и Романија дома.

Милевски одлично го познава офанзивецот на Шкупи, кој беше дел од генерацијата која играше на Европското првенство за млади.

Новиот напаѓач на чаирчани и претходно соработуваше со Милевски, откако двајцата беа дел од историската У21 генерација која учествуваше на Европското првенство во Полска пред четири години.

Кире Маркоски досега има забележано пет настапи за А-тимот, а еднаш се запиша во листата на стрелците.