Мирјана Василева од Рацин.мк разговараше со Звонко Милас, државен секретар на Централниот државен уред за Хрватите надвор од Хрватска. Низ разговорот се испреплетуваат темите за остварувањето на правата на Хрватите во Македонија и на Македонците во Хрватска, како и односите меѓу двете земји.

Рацин.мк: Благодарам што се одзвавте да ни бидете гостин. Повод за вашиот престој во Скопје и  Макeдонија е начинот на продолжување на континуитетот на меѓувладиниот мешовит одбор,  околу  вашите обврски  во врска со  унапредувањето на правата  на националните малцинства, како на Хрватите кои што живеат во Македонија така и на Македонците  кои живеат во Хрватска. Која е вашата агенда ?

Милас: Денеска сме овде со цел да ја посетиме Хрватската зедница, но и да разговоараме со Фатиме Исаки, инаку моја колешка и копретседателка на владиниот мешовит одбор  за заштита на правата  на малцинствата, како на Македонците во Хрватска така и на хрватското малцинство во Македонија.

Успеавме по подолга пауза од 2018 година повторно да ја обновиме работата на овој мешовит меѓувладин одбор, кој што исклучително е значаен за сите припадници кои што живеат во други земји. Тие да се препознаат со цел да ги штитат своите права, како и да им се овозможи сето она што е потребно за да го живеат секојдневието практицирајки ги сите обележја, и при тоа да се препознаат, во верата, културата и јазикот и сето она што им е  важно за секојдневниот живот.

Во една прилика, најголемата опозициска партија во земјата предложи  идеа  за уредување на националните малцинства или заедници во Македонија да се примени хрватскиот модел во Уставот. Но, со оглед  на тоа што секоја земја има различни механизми за решавање  на проблемите околу проблематиката на националните  малцинства, дали можете да ни го објасните вашиот, хрватски  модел во реализирањето на ова многу  чувствително прашање?

Со гордост можам да истакнам дека Хрватска многу добро го реши прашањето на сите  припадници на другите народи коишто живеат во Република Хрватска. Сите  национални  малцинства, а нив ги има 22, меѓу кои и македонското, албанското, бошњачкото, италијанското, српското и многу други припадници, би рекол (се решени) на најдобар  начин, бидејки моментално постои уставен закон којшто им ги дава правата и ги  заштитува.

Многу меѓународни  институции истакнуваат дека хрватскиот модел е најдобар модел во заштитата на правата на националните малцинства, кои што живеат во нашата држава.

Многу е битно националните малцинства да имаат дефениција на припадност на народот, дефениција во Уставот во земјите во кој што живеат.

Во хрватскиот устав се запишани 22  национални  малцинства. Тие имаат право на јазик и  користење на сето она што е значајно каде што живеат. И секако да го даат својот  придонес за развој  на земјата која ги препознава како припадници на својот народ. Тие исто така имаат право преку своите претставници, да бидат застапени во извршните и законодавни тела во Република Хрватска и на тој  начин да се интегрираат во општетсвото, и да го дадат својот придонес за развој на земјата во која што живеат, но и да го зачуваат сето она што го донеле  нивните предци, родителите и нивните баби, задржувајќи ги нивните традиции.

Дали можете да ни објасните како националните малцинства се застапени во хрватскиот  сабор?

Имаат право на збор, имаат свои претставници коишто ги претставуваат во Саборот со право на глас.

Имаме 8 претставници на националните  малцинства во хрватскиот сабор, кои, и како хрватските пратеници, учествуваат  во изгласувањето на законите кои се однесуваат  за сите луѓе, за целиот народ во Република Хрватска. Со тоа  тие  ги имаат  апсолутно  истите права како и мнозинскиот народ.

Македонската заедница која што живее во Хрватска постои повеќе од 3 децении. Тие се лојални граѓани на Хрватска. Во моментот ќе се освети и македонската  православна црква. Тие  функционираат во Сплит, Риека, Загреб, Осијек и во други градови. Многу се благодарни што и хрватската држава финасиски им помага во реализација нивните програми и проекти за зачувување на  националниот идентитет. Каво е вашето мислење  во тој контекст?

Сѐ кажавте. Македонското малцинство го ужива високото ниво на заштита на првата, учествува во сите важни процеси во развојот на Република Хрватска. Од парламнетот,    извршната власт и преку претставничките тела за тоа како да го зачуваат својот јазик, верата  и идентитетот. Хрватска им помага и ги субвенционира проектите. Ја спомнавте  Македонската православна црква и навистина Република Хрватска направи сѐ црквата да го добие своето оживотворување и тоа е гордост на и на Република Хрватска и на  македонското национално  малцинство.

Се  надевам  дека во тој контекст и Република Северна Макеоднија ќе направи чекори со кои ќе им овозможи на Хрватите овде и да им даде слични можности и на тој начин да ги уживаат своите права и својот идентитет како што е јазикот, културата.

Но, за тоа, би рекол, е потребен темел кој што се вика дефениција на Хрватите во уставот на Република Северна Македонија.

Ова прашање е актуелно во овој момент и македонските експерти кои што се занимаваат со  овие прашања не се против да се внесат Хрватите, Црногорците и уште неколку заедници да се најдат во уставот. Но,  поради моменталната затегнатост мегу Софија и Скопје сите живеат во исчекување да се заокружи ова прашање.

Ние  веруваме дека тоа прашање ќе се заокружи. Имаме гаранции од македонските политичари, и јас би рекол малку и на погруб начин, дека треба да навладее здравиот разум и во таа насока добрите односи меѓу двете држави, кои денеска се многу добри, пријателски, да бидат уште подобри. Тоа е навистина потребно за да можат сите други вредности коишто Хрватите тука ги практицираат, како што се идентитетските, образовните, верските, да ги имаат на најдобар начин.

Како функционира вашиот Уред? Вие како прв човек се грижите и за Хрватите кои што живеат  надвор од Хрватска, а со мислите се со својата матична земја.

Не би рекол дека сум прв човек. Јас со моите колеги кои што работиме во Државниот уред сме одговорни и се грижиме за оние кој што живеат надвор од Хрватска. Се трудиме тие  да се чувствуваат како Хрвати држејќи им ја вратата на нивната татковина отворена.

Она што работиме низ проекти е со цел да го зачуваме и да и развиваме идентитетот за сето она што претходните нивни генерации и го оставиле. Многу од нив живеат низ целиот свет. Некогаш тоа беше наша слабост, а денеска е голема предност во контекст на сѐ поголемиот технолошки напредок и правиме сѐ, и покрај тоа што има процеси на асимилација и поделби, како оваа глобална хрватска фамилија да ја сочуваме на нашиот заеднички пат и да делуваме заедно. Да знаеме едни за други, да работиме за заеднича добробит за заедничката татковина Република Хрватска влучувајки ги сите Хрвати кои што живеат надвор од земјата.

Која е пораката до Заедницата на Хрватите во Макоеднија?

Пораката е секогаш иста како и досега. Да продолжат да бидат лојални граѓани овде во Северна Македонија, а при тоа да ги зачуваат вредностите што нивните родители им ги донеле. Да го чуваат хрватскиот  идентитет. Јас знам дека тие живеат овде како Македонци, а  Хрватска им е во душата.

Превземено од Рацин.мк