Раководството на Милан ќе оди на сериозни финансиски инвестиции пред летниот преоден рок, пренесува „Фудбал Италија“.

Според изворот, клубот ќе добие 100 милиони евра за трошоци на трансфер пазарот. „Росонерите“ наводно гледаат на неколку играчи како потенцијални засилувања, посебно ако се избори учество во Лигата на шампионите.

Милан е втор на табелата во италијанската Серија А со 59 бода по 28 натпревари.

Во изминатиот период се појавија информации во Италија дека тимовите, меѓу кои и Милан се тешко погодени од ковид кризата, пред се финансиски.