Екипата на Милан, синоќа ја забележа 15. победа на гостински терен во Серија А . Милан го победи Торино (7:0) во 36. коло од италијанскиот шампионат.

Така, „Росонерите“ го повторија рекордот на Интер од 2006/07.

Во тековната сезона, фудбалерите на Милан имаат уште еден натпревар на гости – во последното коло против Аталанта. Овој меч ќе биде шанса, тимот предводен од Стефано Пиоли да постави нов рекорд.

По 36 кола Милан е на делба на втората позиција со Аталанта со по 75 бода.