Милан Дамчевски, долгогодишен член на тимот на ПроКредит Банка e назначен за нов член на Управниот одбор, позиција на која ќе биде задолжен за менаџирање на следните оддели: Правни лица – средни клиенти, Управување со средства и ликвидност, маркетинг, како и одделот за деловна поддршка.
Во текот на својот професионален развој во тимот на ПроКредит Банка, Дамчевски го градеше своето искуство на повеќе позиции, започнувајќи како дел од Onboarding програмата на ПроKредит Банка, потоа, советник за мали и средни бизнис клиенти, за да напредува и во последните пет години да ја извршува функцијата Менаџер на филијата за Средни клиенти.Има посетувано и успешно завршено бројни професионални обуки, меѓу кои: Bankers Academy и Management Academy на ПроKредит Банка во периодот од 2015 – 2017 во Фурт, Германија.
„Ми претставува задоволство иголем професионален предизвик можноста да се посветам на креирање и спроведувањето на стратешките цели на ПроКредит Банка, институцијата каде што ја започнав и во изминативе десет години ја градам мојата професионална кариера.Високиот квалитет на услуга, како и воведување на нови напредни и ефикасни практики во банкарското работење ќе остане наш врвен приоритет, како потврда наимиџот на банката – Лидер во доменот на дигитализација и докажан банкарски партнер на клиентите, правни и физички лица.“ – изјави г. Дамчевски.