Мик Џегер објави нов сингл во вторникот, со наслов „Eazy Sleazy“ славејќи го завршувањето на карантинот во Велика Британија. Воедно со песната се потсмева на негативните последици од живеењето за време на пандемијата

Џегер кој ја напишал песната пред неколку недели, се здружи со фронтменот на „Foo Fighters“, Дејв Грол.

Тоа е песна што ја напишав за излегувањето од карантинот, со многу потребен оптимизам“, рече 77-годишниот Мик.

Се работи за напуштање на работите што ги спомнувам во стиховите. Тоа е транзиција кон, се надевам, знаете, пооптимистичка состојба на умот“, додаде тој.

Во понеделникот пабовите во Велика Британија започнаа со продажба на пијалоци на отворено, се отвараат продавниците по три месеци.

Грол вели дека снимањето на песната со Џегер е „повеќе од остварување на сонот“.

Таман кога помислив дека животот не може да стане полуд. Песната несомнено ќе летен хит“, додаде тој.