Новата цена на електричната енергија е резултат на неодговорното работење на државните енергетски компании, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, лошото менаџирање и криминалот во РЕК Битола и во државните електрани ќе ја продлабочи енергетската криза.

„До раководството на РЕК Битола и ЕСМ – за ова што го правите ќе има одговорност! Следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бара одговорноста за ова што го правите во изминативе четири години, а посебно што сега си играте со човечки судбини, со човечки животи во очи големите христијански празници Божиќ и Бадник“, рече Мицкоски.