Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на брифингот со новинари изјави дека со Алијанса за Албанците и Алтернатива се договориле за поддршка во некои општини на локалните избори уште во првиот круг.

-Јас лично и нашата партија од нашите симпатизери ќе бараме уште во првиот круг да гласаат за кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива во Чаир, Тетово, Сарај, Студеничани, односно таму каде што ние немаме кандидат, и обратно, вели Мицкоски.

Како што вели тој, во текот на предизборната кампања ќе посетат и одредени општини заедно со Зијадин Села и Африм Гаши.