Позната македонска водителка, а денес актуелна инфлуенсерка, Миа Костова, секогаш зборува отворено пред своите следбеници на бројни теми, споделувајќи го своето мислење пред македонската јавност.

На својот фејсбук – профил Миа се огласи и по случајот со пејачот Даниел Кајмакоски кој се наоѓа веќе неколку дена во болница по пријавата против својата поранешна сопруга за наводно подметнување дрога во негово кафе.


Зафркавајте се вие и потсмевајте на Кајмакоски ама лично сум сведок на иста приказна со угледна докторка и спортист. Лудите пречесто изгледаат како премногу нормални. Утре ќе одите на преглед кај докторка што дрогира партнер… Порано се знаеше кој се наркомани, денес е класичен башибозук, стои во статусот на Костова.

Вчера, на својот фејсбук – профил се огласи и Даниел кој се обрати до своите загрижени пријатели и фанови, медиумите и пошироката јавност.

Даниел Кајмакоски се огласи од болница: Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа