ФИФА ги прогласи најдобрите по крајот на Светското првенство во Катар, а меѓу нив доминираа играчи од победникот Аргентина.
За најдобар играч прогласен е Лионел Меси кој даде два гола во финалето и погоди во пенал-серијата со која Аргентина додје до титула против Франција.
За најдобар голман прогласен е Емилијано Мартинез кој изведе фантастична интервенција во 120 минута и ја спаси јужноамериканската селекција од елиминација. Најдобар млад играч е Енцо Фернандез од Аргентина.
Како утешна награда за Килијан Мбапе доаѓа наградата за најдобар стрелец на Светското првенство со осум постигнати гола, пред Лионел Меси кој даде седум. По нив следеа Алварез и Жиру од Аргентина и Франција со по четири гола.