Лионел Меси станува слободен агент на лето, па една од главните теми е неговата иднина.

Меси летово побара да се збогува со Барселона, но остана поради договорот. Бидејќи трае до летото 2021 година, Аргентинецот може да замине бесплатно.

Сепак, сега британските медиуми наведуваат дека Сити испратил понуда од 496 милиони евра за пет години во бруто износ.

Тоа би значело дека Меси ќе заработуваше 100 милиони по сезона на „Етихад“, што го прави најплатен фудбалер во светот.

Планот на Сити е Меси да мине две години во Манчестер, а потоа да му се придружи на неговиот „брат“ од САД, тимот на Њујорк, каде ќе го помине остатокот од договорот.

Освен Сити, ПСЖ и понатаму е еден од главните фаворити за ангажирање на Меси, но играчот на крајот самиот ќе ја донесе одлуката.

loading…