Претседателот на Соединетите држави Џо Бајден денеска во Вашингтон ќе се состане со германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, соопшти Белата куќа. „Претседателот Бајден со нетрпение очекува да ја пречека канцеларката Ангела Меркел од Германија во Белата куќа“, изјави секретарот за печатот Џен Псаки, додавајќи дека пандемијата на ковид-19 и справувањето со климатските промени се на врвот на агендата. Експертите велат дека нивните разговори веројатно нема да дадат големи достигнувања во спорните прашања, како рускиот гасовод до Германија и американскиот притисок Берлин да ѝ се спротивстави на Кина.

Advertisements

Прикажи повеќе