Откако се прошири веста дека по 27 години брак, Мелинда и Бил Гејтс се разведуваат, Мелинда навреме заминала со своите деца на приватен остров, далеку од очите на јавноста…

Свесен дека веста за неговиот развод ќе одекне во јавноста, 65-годишниот милијардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, побегнал од сето тоа во ултра-ексклузивен голф-клуб во Калифорнија. Станува збор за „The Vintage Club“ во Индијан Велс во Калифорнија, кој важи за еден од најпрестижните и најексклузивните приватни клубови за богатите во Америка. Но, она што е најинтересно е што тој отишол таму пред неколку месеци, очигледно подготвен за моментот кога сè ќе протече во јавноста.

epa-efe
EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Бил очигледно веќе подолго време бил свесен за тоа што ќе се случи кога ќе се дознае за неговиот развод, бидејќи тој бил во одморалиштето најмалку три месеци“, изјави за „Page Six“ добро информиран извор.

Оваа недела таму го посетила и неговата 25-годишна ќерка Џенифер Гејтс со нејзиниот вереник, египетскиот милионер Најел Насар.

Инаку, Бил Гејтс има свој имот во луксузното одморалиште, исто како и другите членови на тој клуб на милијардери, во кој членуваат Чарлс Кох, Филип Аншулц и Денис Вашингтон.

За да можете воопшто да се зачлените во клубот, треба да платите „такса за регистрација“ од 250.000 американски долари, а потоа да купите куќа, чии цени се движат од 2,3 па се до 20 милиони американски долари.

Огромниот имот од илјадници и илјадници хектари, во центарот има ресторани, луксузен спа центар и два терени за голф.

За куќата, која Гејтс ја купил уште во 1990 година, наводно потрошил 12,5 милиони долари, а станува збор за вила со шест спални соби и девет бањи, сместена веднаш до совршено уредениот терен за голф. Ова е местото каде Бил Гејтс ги потпиша своите документи за развод.