Појавата на сојот омикрон претставува преседан во текот на пандемијата затоа што тој може да ја истисне делта варијантата на корона вирусот, кој е далеку поопасен, вели докторот Злате Мехмедовиќ, во интервју за ТВ Шења и порталот zoom.mk.

Иако омикрон не предизвикува тешка клиничка форма кај заразените, докторот Мехмедовиќ предупредува дека тој се шири пет пати побрзо од делтата и заради тоа здравствениот систем во земјата уште еден период ќе биде под зголемен притисок, посебно матичните лекари, на кои им престои тежок период и државата треба да изгради систем за да ја олесни нивната работа.

„Ситуацијата е нова, не знаеме што може да произлезе од неа. Вирусот се уште не  е стабилен и предвидлив и може да кажеме дека сите сценарија се во игра и дека ова ќе премине кон една ендемска болест, нешто налик на сезонски грип, или можеби ќе продолжи и понатака да има осцилации со голем број на заразени, нови варијанти и со преполнување на болници“, предвидува Мехмедовиќ.

Тој смета дека наглото зголемување на бројот на заразените се должи на карактеристиките на вирусот кој многу брзо се шири, но и на отсуство на нови мерки од владата, која дури во изминатиот период сметаше дека треба да се укинат постојните и странците да се пропуштат на граница без да бидат вакцинирани или без ПЦР тестови.

И покрај тоа што засега омикрон не предизвикува тешки последици врз здравјето на заразените, Мехмедовиќ верува дека ситуацијата не треба да се занемари затоа што не знаеме точно кои ќе бидат последиците од омикрон.

„Далеку сме дека ова ќе биде само сезонски грип без поголеми последици. Во моментот имаме две варијанти и е многу тешко да се определи процентот меѓу делта и омикрон. Можно е поголемиот дел од случаите со тешка клиничка форма и од смртните случаи да се должи на делта варијантата, но не знаеме точно колкава е процентуалната застапеност“, додава докторот.

Во врска со тврдењата во јавноста дека подобро ќе биде да се укинат рестриктивните мерки и да се дозволи намерно луѓето да се заразат со цел да се постигне колективен имунитет, Мехмедовиќ тврди дека со ваквото размислување не се согласува светската стручна јавност.

„Мојата реакција беше насочена кон стручните мислења, кои препорачува да се симнат маските, сертификатите, и да има широка трансмисија. За мене таа е девијантна логика. Кога се влошува состојба во светот не е укинуваат мерките. Тоа не се прави дури кога имате релаксирана епидемиолошка состојба“, истакнува Мехмедовиќ.