Ники Јуркутц, која работи како извршен директор на организацијата „Tiny Hearts Education“, предупреди за малите чоколадни јајца кои се актуелни за Велигденските празници.

Имено, таа вели дека тие претставуваат опасност од задушување кај децата. Според неа, поради нивната големина и форма, можат да заглават во дишните патишта кај малите деца.

pexels

Наместо тоа, Ники предлага да се купат поголеми чоколадни јајца кои се шупливи одвнатре. Ова значи дека тие се далеку помалку опасни за децата, што ги прави подобар избор за Велигден.

До 85% од смртните случаи од гушење се предизвикани од храна, а Велигден е зад аголот и сакам ова да биде во преден план за вас“, напиша Ники на Инстаграм страницата на „Tiny Hearts Education“.

„Задушувањето е тивко и се случува брзо“, предупреди таа, додавајќи дека е исклучително важно да знаете што да правите во случај на гушење.

Нејзиното предупредување привлече внимание од илјадници корисници на социјалните мрежи, а многу родители се благодарни за советот признавајќи дека не биле свесни за опасностите од конзумирање мали велигденски чоколадни јајца, пренесува „The Sun

Ники по професија е медицинска сестра и мајка на две деца, чиј инстаграм – профил „Tiny Hearts Education“ станува сè попопуларен за корисни совети..