Легендата на Лејкерс, Меџик Џонсон рече дека Стеф Кари е најдобриот шутер во историјата на НБА лигата.

Оваа изјава на Џонсон доаѓа по 62 постигнати поени на Кари, ноќеска на дуелот на Голден Стејт со Портланд (137:122).

– Стеф Кари постигна рекорд во кариерата 62 поени! Продолжува да докажува дека тој е најдобриот „снајперист“ во историјата и претендент за титулата МВП со Леброн, Дејвис, Дурент, Кајри, Дончиќ, Каваи и Јанис! – напиша Меџик на својата страница на Твитер.

Во последните 46 години, повеќе поени од Кари во дресот на Голден Стејт постигна само Рики Бери. Тој на 26 март 1974 година беше стрелец на 64 поени.