Иднината на Килијан Мбапе во ПСЖ е една од водечките теми во европскиот фудбал.

Французинот има важечки договор до 2022 година, кој сè уште го нема обновено и сите со нетрпение очекуваат што ќе се случи.

Самиот Мбапе ја коментираше ситуацијата околу неговата иднина во ПСЖ.

“Сето ова се одолговлекува, но треба да седнеме и да размислиме за сè. Знам дека проектот на ПСЖ и самиот ПСЖ како клуб не би биле исти без мене”, рече Мбапе, а потоа продолжи:

“Се чувствувам добро во Париз, не го кријам тоа, но понекогаш сакате нови предизвици во животот. Ќе видиме што ќе се случи. Сега сум фокусиран на репрезентацијата и на ЕУРО, а потоа ќе знаеме повеќе детали за мојата судбина во ПСЖ .

Мбапе пристигна во ПСЖ во 2017 година по одличните игри во Монако.

Тој се поврзуваше со неколку клубови, а главни кандидати за негово доведување се Ливерпул и Реал Мадрид.

Со месеци француските и шпанските медиуми го поврзуваа Мбапе со Реал Мадрид, а на крај се изјасни и агентот Бруно Сатин.

Тој тврди дека има информации дека Мбапе и неговото семејство веќе постигнале договор за трансфер во Реал Мадрид.

„Чувствувам дека е подготвен да си замине“, рече Сатен за „Канал плус“ и продолжи:

“Имам информации дека Мбапе и неговото семејство веќе постигнале договор со Реал Мадрид. Сепак, договор ќе мора да се постигне и со ПСЖ”.

Овој одличен напаѓач има 22 години, а веќе има 43 настапи за сениорската репрезентација на Франција и постигна 17 погодоци.