Напаѓачот на „светците“ негира дека ќе си оди во јануари и дека воопшто е во проблеми со клубот или дека побарал да си оди. Раскажа дури што правел попладнето кога слушнал за „шокантната вест“.

„Многу сум среќен, никогаш не сум побарал да си одам во јануари, тоа е комплетна лага. Не сум лут на клубот, едноставно тоа што е напишано не е вистина. Таа информација беше објавена на денот на натпреварот со Бенфика од ЛШ и јас не ја разбрав. Бев шокиран како и сите други. Луѓето можеби мислат дека сум вмешан некако во тоа, но не сум воопшто. Јас спиев, имав попладневна дремка кога излегла информацијата, а моето семејство беше на натпреварот на мојот помал брат, во младинската лига со ПСЖ. Сите бевме шокирани кога дознавме“, изјави Мбапе по синоќешното дерби против Марсеј.

Прикажи повеќе