Маж во американската сојузна држава Јута уби седум членови од своето семејство.

Advertisements

Тој ги убил своите пет деца, на возраст од 4 до 17 години, а потоа и себеси, соопштија локалните власти во Енох Сити.

Сопругата на човекот кој ги изврши убиствата поднела барање за развод непосредно пред Божиќ, јавува Би-Би-Си.

Осумчлено семејство во средата вечерта беше пронајдено мртво во нивниот дом. Наведено е дека се работи за 42-годишниот Мајкл Хајт, кој ги убил сопругата Тауша Хит (40) и нејзината мајка Гејл Ерл (78), како и нивните деца – три девојчиња на возраст од 17, 12 и седум години и две момчиња на возраст од седум и четири години.
Полицијата ги открила телата во средата попладне, откако било пријавено дека Тауша Хајт не дошла на закажан состанок.

Официјалните лица исто така потврдија дека таа поднела барање за развод на 21 декември.

Енох Сити е град со околу 8.000 жители во југозападниот дел на Јута, околу 400 километри јужно од Солт Лејк Сити./Makfax

Прикажи повеќе