Почитувана јавност,

На 14 Мај 2021 година, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија преку официјалниот твитер профил ја сподели пораката на Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која беше во врска со конфликтите помеѓу Палестина и Израел, и изрази поддршка. Оваа порака која е еднострана и далеку од реалноста е споделена и поддржана од МНР длабоко ги понижи чувствата на муслиманите кои живеат во Северна Македонија.

Години наназад на обесправениот и страдалниот Палестински народ систематски им се прекршуваат човечките права, при што преку оваа порака повторно се занемарува оваа вистина. Но овој лицемерен став воопшто не го претставува ставот на совесните граѓани на Северна Македонија.

Ние како Покровител на 60 турски невладини организации; Сојуз на турски невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБсторого ја осудуваме пораката на Министерството за надворешни работи на РСМ која претставува поддршка на прогонство, во врска со случајот го повикуваме Министерот на надворешни работи Бујар Османи да постапи по службена должност и да ја исправи оваа катастрофална грешка.

Треба да се знае дека секоја идеологија која е на страна на окупатори и прогонство е осудено да исчезне.

Ние по секоја цена, секогаш сме и ќе бидеме со обесправениот и страдалниот Палестински народ.

МАТУСИТЕБ: Сојуз на турските невладини организации во Македонија