Извори блиски до кралското семејство тврдат дека принцот Чарлс измешал прсти во поврзувањето на Хари и Вилијам по погребот на нивниот дедо принцот Филип.

Дики Арбитер, поранешниот службеник за односи со јавноста на Кралицата, изјави во емисијата „Добро утро Велика Британија“ дека Чарлс најверојатно сакал неговите синови да го искористат токму тоа време за да го „скршат мразот“.

– Веројатно Чарлс нареди да не ги чекаат автомобили за да може сите заедно да одат од капелата Свети Џорџ до замокот, рече Арбитер.

– Би бил многу изненаден ако браќата не го искористеа тоа време да разговараат, додаде Арбитер.

За време на погребот, Вилијам и Хари одеа покрај ковчегот на нивниот дедо, но одделно. Меѓу нив беше и братучедот Питер Филипс. Сепак, по погребот, тие биле снимени како заедно шетаат и разговараат.

Откако фотографиите и снимките од состаноците и разговорите ги преплавија социјалните мрежи, многумина забележаа интересен детал поврзан со Кејт Мидлтон што ги тера сега да мислат дека Кејт била миротворец таму.

Имено, Кејт, Вилијам и Хари заедно се упатиле од капелата Св. Џорџ, но во еден момент Кејт заостана зад нив и ги остави браќата да зборуваат сами. Многумина денес тврдат дека таа го сторила тоа намерно за да ги остави да бидат сами и да разговараат по долго време на разделба.