Компанијата Твитер, која е под раководство на контроверзниот милијардер Илон Маск, прекина да ја спроведува политиката за борба против дезинформации за коронавирус.

Advertisements

Оваа политика вклучуваше етикети и предупредувачки пораки на твитовите со спорни информации, како и отстранување на објави со лажни тврдења за вакцините.

Според објавата на компанијата, оваа политика не се применува од пред една недела, 23 ноември.

За потсетување, пред промената на сопствеништвото, Твитер суспендираше повеќе од 11 000 профили токму поради дезинформации за ковид-19.

По преземањето на компанијата, Маск рече дека сака да создаде совет за модерација на содржината што ќе вклучува модератори со „многу различни гледишта“.

Прикажи повеќе