Францускиот фудбалски прволигаш Марсеј сепак има намера да го купи напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик.

Французите понудија осум милиони евра за 26-годишниот напаѓач, плус еден милион бонуси во случај на пласман во Лигата на шампионите, објави „Скај спортс Италија“.

За неаполскиот клуб оваа сума е недоволна и тие бараат 15 милиони и 25% од износот на можната препродажба на Милик.

Во тековната сезона Милик нема клупски натпревари, играчот настапи само за полската репрезентација.