Во друштво на почитуваниот претседател на Големото народно Собрание на Турција, и наш голем пријател, Мустафа Шентоп, вечерва сум гостин на ифтарска вечера , објави вицепремиерот Бојан Маричиќ на ФБ.

Во друштво на почитуваниот претседател на Големото народно Собрание на Турција, и наш голем пријател, Мустафа Шентоп, а на покана на претседател на Управниот одбор на Меѓународниот Балкански Универзитет, Реџеп Сулејман Оздил, вечерва сум гостин на ифтарска вечера која е можност заедно да ги одбележуваме и одржуваме живи ваквите традиции, кои ги зајакнуваат нашите врски и како пријатели и како држави.

Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат и сплотуваат како народи.

Само заедно, во духот на овие вредности, можеме да изградиме подобра иднина.

Градењето „едно општество“ за сите, кое ги прифаќа различностите како богатство, е концепт секој еден народ со својата култура и вера да придонесува во градењето на нашата земја и да покаже дека Македонија им припаѓа на сите, дека сите заедно работиме да ја направиме уште подобро место за живеење.

На присутните им посакав последните деновите од „султанот на сите месеци“, да ги поминат во ибадет, добри дела и мисли, а во оваа посебна ноќ – „Лејлетул кадр“, ноќта на покајувањето и простувањето, која е повредна од 1000 месеци, сите молитви им се слушнати и исполнети.