Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 порача дека и во минатото имало моменти за да се решат актуелните политички прашања за почеток на евроинтеграциите. Притоа тој додаде дека компромисот се прави за граѓаните на Македонија, а не поради некој друг.

„Ова е компромис кој што ние го правиме заради нас, а не поради Бугарија или некој друг. Компромисот е едноставен – гаранција на македонскиот јазик и идентитет и почнување на преговорите од една страна и внесување на Бугарите во Уставот пред Втората меѓувладина конференција од другата страна. Тоа е компромисот. Секој граѓанин и пратеник треба да ги погледне документите и нека најдат една точка во овој документ кој го негира нашиот јазик, кој ни наметнува некаква асимилација и кој што ни го оспорува правото да се наречеме Македонци, кажа Маричиќ.