Вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за Нова одговара на прашања за (зло)употребата на евроспкото знаменце во случајот на пакетот закони поврзани со изградбата на коридорот 8, за односите со Бугарија, за скринигот, шансите за интензивирање на преговарачкиот процес и изгледите да се достигне двотреинското мнозинство неопходно за уставните измени. Со Бојан Маричиќ разговараше Борјан Јовановски.

НОВА: Во собраниската процедура се измените на законите поврзани со договорот со Бектел. Владата го употреби европското знаменце. Каква е врската на овој пакет закони со европските интеграции?

Маричиќ: Евроинтеграциите значат развој, економска стабилност и просперитет, а тоа не е можно без развиена инфраструктура. Не може да има развиена инфраструктура без вложување во транспортната мрежа и без ефикасна транспортна мрежа. А целта на ЕУ е токму тоа, да ја промовира меѓусебната поврзаност и интероперабилноста на националните мрежи, како и да го зголеми пристапот до тие мрежи, бидејќи тоа е суштинска важност за развојот не само на регионот, туку и на цела Европска Унија. А со овој проект практично го впишуваме и регионот во европските коридори.
На неодамнешниот објаснувачки скрининг заПоглавјето 21, „Транс-европски мрежи“ и 14, „Транспортна политика“, прецизно ги презентираа обврските од овие поглавја, а тоа е функционална инфрасруктура, со намален метеж, без чекања, која ќе ја зголеми ефикасноста на транспортниот бизнис.

Затоа ја правиме промената на законските решенија, единствено за доуредување на постоечки закони, со кои ќе се обезбеди побрзо и поквалитетно изведување на досега најголемиот инфраструктурен стратешки проект, со кој ја поврзуваме земјата со регионот и Европа по европски и светски стандарди. Овие закони одамна ги бараа и компаниите и истите ќе важат за сите следни проекти поврзани со железничката, патната, гасоводната и енергетската инфраструктура. Владата го знае и разбира значењето на транспортниот сектор и со финансиска поддршка на ЕУ ќе продолжиме да спроведуваме значајни инфраструктурни проекти, бидејќи на крајот тоа е во интерес на граѓаните, македонскиот бизнис сектор и развојот на државата.
Коридорите 8 и 10 се од интерес и на ЕУ и се важни во европската трансевропска мрежа, што е доказ нивното официјално впишување во истата, за што беше потпишан од страна на министерот за транспорт и врски, Бочварски, и Анекс на Одлука на Европската комисија, за „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија.

НОВА: ЕК ја критикуваше владата за (зло)употребата на евроскотознаменце.Очекувате ли овој случај со пакетот закони за изградба на коридорот 10 да биде критикуиван во извештајот на ЕК и како ќе се одрзи тоа врз кредибилитетот на владата?

Маричиќ: Во постојана комуникација сме со претставниците на Европската комисија и европските институции, на кои им испративме образложение за одлуката за ставање европско знаменце на законите поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10, кои ќе придонесат за побрза и поекономична реализација на овој инфраструктурен проект, донесен со специјален закон во Собранието.
Имаме причина зошто ставаме европското знаменце и тоа го
објаснивме и на ЕУ.

Сметам дека многу посериозна е злоупотребата со амандманите што ја прави опозицијата за еден закон, а знаеме сите дека нема основа за тоа. Одамна во македонското Собрание веќе инструментот амандмани се користи само за блокирање, наместо за подобрување на законите. И сèдодека се случува тоа во Собранието ќе има и вакви ситуации на користење на европското знаме, кога може да се толкува и на еден и на друг начин дали е злоупотребено или не европското знаме.

И самата Европска комисија во ланскиот Извештај за напредокот ја критикуваше работата на Собранието за доцнењето на носењето на законите, што е резултат на блокадите од опозицијата, со нагласување дека Собранието треба да биде форум за конструктивен политички дијалог, особено во однос на реформската агенда, и да работи заедно со Владата на планирање на законодавната агенда, со приоритет на уставните амандмани.

Европската Унија и нашите европски партнери ја воочуваат заложбата и политичката волја на Владата за државата да остане на европскиот пат и да продолжи со реформите. Нашиот став и цел се јасни: Сакаме Северна Македонија да биде да инфраструктурно развиена, поврзана и кон Исток и Запад, важна крстосница на Западен Балкан и членка на ЕУ.

Во постојана комуникација сме со претставниците на Европската комисија и европските институции, на кои им испративме образложение за одлуката за ставање европско знаменце на законите поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10, кои ќе придонесат за побрза и поекономична реализација на овој инфраструктурен проект, донесен со специјален закон во Собранието.
Имаме причина зошто ставаме европското знаменце и тоа го објаснивме и на ЕУ.

Сметам дека многу посериозна е злоупотребата со амандманите што ја прави опозицијата за еден закон, а знаеме сите дека нема основа за тоа. Одамна во македонското Собрание веќе инструментот амандмани се користи само за блокирање, наместо за подобрување на законите. И сèдодека се случува тоа во Собранието ќе има и вакви ситуации на користење на европското знаме, кога може да се толкува и на еден и на друг начин дали е злоупотребено или
не европското знаме.

И самата Европска комисија во ланскиот Извештај за напредокот ја критикуваше работата на Собранието за доцнењето на носењето на законите, што е резултат на блокадите од опозицијата, со нагласување дека Собранието треба да биде форум за конструктивен политички дијалог, особено во однос на реформската агенда, и да работи заедно со Владата на планирање на законодавната агенда, со приоритет на уставните амандмани.
Европската Унија и нашите европски партнери ја воочуваат заложбата и политичката волја на Владата за државата да остане на европскиот пат и да продолжи со реформите. Нашиот став и цел се јасни: Сакаме Северна Македонија да биде да инфраструктурно развиена, поврзана и кон Исток и Запад, важна крстосница на Западен Балкан и членка на ЕУ.

Во вториот дел од интервјуто за НОВА вицепремиерот Бојан Маричиќ зборува за односите со Бугарија и изгледите да се достигне двотретинското мнозинство неопходно за уставните измени.