Пишува: Владимир Перев

Што можеме да очекуваме од најавената посета на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи? Што таа може да очекува од нас? Кои и какви треба да бидат очекувањата од “заедничката дружба“ на двете министерства, македонското и бугарското, а и што треба да биде ставено на масата за разговори. Овие и многу други прашања остануваат во центарот на вниманието на секоја дипломатска посета, секаде и во било која земја.

Сигурно е дека министерствата на две соседни држави, секогаш имаат што да си кажат, добро или лошо! Веројатно имаат и заеднички моменти во историјата, а некои од нив би било добро да бидат заборавени. На пример, да се проговори за “заедничкото светло минато“ во односите меѓу двете земји, кога алкохоличарот и безумник Георги Димитров, заедно со насилникот и тиранин Тито, сакаа да формираат заедничка држава, но само стигнаа до формирањето на македонска нација и јазик во југословенскиот дел од Македонија, за потоа, заедно со Сталин да го пробаат истиот експеримент во Егејско…резултатот беше огромниот егзодус на населението од тој крај, распослано по државите-збегови, во таканаречениот Источен лагер. Заедничко на двете држави им беа и познатите убиства без суд и пресуда, како и инструментализираните судски процеси против “народниот непријател“, со цел за вистинско физичко уништување на граѓанската класа во двете држави. Да, треба да се сетат на крвавиот пат кон “светлата иднина“ на комунизмот, трасиран од безродниците во двете држави. Навистина, овие министерства не се виновни за ништо од сето тоа, но не е на одмет да мислат на вината на претходниците, за да си го осветлат сопствениот пат и патот на нивните држави кон иднината. Може би нема да биде којзнае колку светла, ама да не биде мрачна и крвава!

Денес ситуацијата сепак е малку поинаква. Бугарија е држава-членка на ЕС, со релативно разрешени човечки права и национални односи, со силна финасова и економска олигархија, стабилни девизни резерви и со неспорен наплив на законодавните мерки на Унијата и НАТО. Тука нема дилеми!

И за Македонија нештата се горе-долу јасни. Тоа е најслабата економија во Европа, насиромашна и со законодавство кое е на критичната точка да премине во беззаконие. Земја на прислушувани и ограбени, а виновниците ослободувани заради мајмунлаците во судскиот систем и неодговорноста на цели сегменти на општеството. Земја со нарушени човекови права, земја каде што еден не баш мал сегмент од населениоте, со оружје во рака, во блиската 2001-ва година ги оствари своите човечки и национални права…со помошта на целата напредна светска заедница. Македонија е земја на безизлезот и очајот.

Г-ѓо Габриел, во Македонија опстојува и бугарска национална заедница, без никакви права-факт констатиран и од телата на ЕС. На пописот се изјасниле како бугари некаде околу 3500 души, за над 100 илјади македонски бугари, со државјансво и документи, да ја прикријата својата национална/етничка припадност. Некои од нив се и членови на највисоките тела во државата и во двете големи партии, а од нив може да се чујат дури и обвиненија против бугарската држава и народ.
Зошто е тоа така?

Стравот, проклетството останато од насилието на режимот кон луѓето со бугарска национална свест, насилие кое се простира и врз нивните семејства. Тоа насилие ги осудува нивните предци, а ги обвинува и нивните потомци. Нападот кон бугарите и сѐ што е бугарско е последниот елемент од една шовинистичка србоманска политика во која се воспитувани генерации на македонски политичари и општественици. Ете, со тоа ќе се сретнете.
Не е на одмет и да се потсетиме малку, на некои собитија во минатото. Во “зората на слободата“ некаде веднаш по 1990 година, група македонски/бугарски патриоти ја формираа невладината организација “Радко“ за потоа сите да бидат проследувани од полицијата и тајните служби. Лидерот Владимир Панков бше апсен, тепан по главата, за со врзани очи во полициски автомобил да биде рашетуван низ скопските улици и префрлан од една во друга полициска станица во Скопје. Беше апсен и на скопскиот аеродром, за да не се оствари неговата средба во Виена со австрискиот балканист Ото Кронштајнер. На следбениците на “Радко“ им беше забранувано да го посетат и санираат гробот на војводата Тома Давидов. Беа апсени и малтретирани! Сето тоа се случува во Македонија за која власта велеше дека била независна, самостојна и со европски демократски погледи.

Стравот, ужасниот страв од српското насилие ја заледува македонската политичка и национална мисла. Атентатот врз председателот Киро Глигоров е најдоброто сведоштво за тоа. До денешен ден никој од македонското раководство не смее ниту да помисли а камо ли да каже, дека сето тоа е дело на една српска националистичка врхушка предводена от тогавашниот воен злосторник Слободан Милошевиќ и неговиот антураж. Вината беше префрлена на бугарската “Мултигруп“, за потоа самиот Глигоров, лично да се извинува на Илија Павлов за неправедните оптужби кон “Мултигруп“ и кон него лично. Нам овде не ни е гајле ниту за судбината на “Мултигруп“ ниту пак за Илија Павлов. Со нив немаме ништо општо. Но ние овде, а и вие, треба да знаете дека по тој фамозен атентат, повеќе од сто и педесет души, сите македонски бугари, беа апсени и малтретирани од полицијата, со разоткривање на интимни детали од нивниот личен живот. Растурени беа семејства. Сето тоа беше направено со невидена омраза кон бугарскиот народ и идејата дека некои од нас овде се бугари. Во тие апсења имаше и жени кои беа малтретирани на ивицата од силување, тормоз со невидена жестокост. Целта беше само да се прикрие вистинското учество и вистинските виновници и творци на атентатот. Да не се заборави, тогавашниот министер за внатрешни работи, па потоа и за надворешни, Љубомир Фрчкоски беше ностителот на тие дејствија, за денес неказнето да ја претставува Макдонија во ООН. Тоа е наградата за него.

Лажливи, фарисејски се изјавите на македонските политичари дека “некогаш односите меѓу Македонија и Бугарија биле добри, ама сега, со ветото од страна на Бугарија“, тие односи се влошиле. Тоа не е точно. Напротив! Односите никогаш не биле добри, секогаш имало една омраза кон сѐ бугарско која тлеела во општествените средини, барајќи го својот миг на непокор, за слободно да се излее на површина. Тоа стана во моментот на ветото.
Денес, во ова време, односите са најдобри од било кога, јасни, прочистени од нашите заблуди и лажливи думи, со отворени позиции кон минатото и сегашноста.

Македонските бугари си ги бараат своите права на државотворност, образование, јазик и култура. бараат и верификација за сопственото учество во борбите за ослободување од 1878 година, па се до денешен ден. Дури и македонистичниот, комунистички АСНОМ, темелот на македонската државност, е формиран со учеството на македонските бугари. Ако тоа не е точно, зошто тогаш еден голем дел од македонските бугари завршија во титовите казамати или тихо отстранети од општествениот живот, а беа видни учесници во АСНОМ.

Вашата посета г-ѓо Габриел, треба да резултира не само со верификацијата на правата на македонските бугари во земјава, таа посета треба да го нагласи фактот за солидарноста на една европска Бугарија, со своите граѓани во Македонија. Треба да ги потенцира европските вредности на бугарската политика, не само во европските форуми, туку и овде, на оваа територија во која бугарското име сеуште е проследувано и забранувано. Треба јасно да се каже дека нашата историја, култура и нашите борби се дел од општата историја на бугарското племе!

Г-ѓо Марија Габриел, добредојдовте во земјата на сиромаштијата, очајот и неправдата!