Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити би можел да се соочи со понижувачко исфрлање од Премиер – лигата и да биде вратен многу назад на скалата на англискиот фудбал доколку се докажат наводните финансиски неправилности за кои е обвинет клубот.

Доколку се докажат наводните прекршоци, кои се повеќе од сто во период од неколку години, и Премиер – лигата препорача најстрога можна казна, според сегашните правила Манчестер Сити ќе мора да започне во Лига 2 на Англија, четвртиот степен на англискиот фудбал.

Сепак, ќе биде многу тешко да се дојде до таква ситуација. И покрај сериозните обвинувања, Манчестер Сити тврдат дека не ги прекршиле правилата, а за судскиот процес ангажираа дел од најдобрите адвокати во Велика Британија./Makfdbal

Прикажи повеќе