Францускиот претседател Емануел Макрон на говорницата на Генералното собрание на ОН ја обвини Русија за „враќање на империјализмот“ поради нејзината инвазија врз Украина која започна на крајот на февруари. „Она на што сме сведоци од 24 февруари е враќање на ерата на империјализмот и колониите. Франција го одбива тоа и упорно ќе бара мир“, рече Макрон во говорот на генералната дебата на Генералното собрание на ОН. „Кој е хегемонист денес, ако не Русија“, додаде Макрон, оценувајќи дека оние кои молчат за таа инвазија му служат на овој нов империјализам со одредено соучесништво и тоа претставува „модерен цинизам кој го загрозува меѓународниот поредок, без кој мирот не е можен“.