Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон постигна многу лош резултат во вториот круг од регионалните избори во Франција со освоени вкупно седум проценти од гласовите, а малку подобро помина Националниот сојуз на Марин Ле Пен, со 20 проценти, покажуваат првите резултати од регионалните избори.
Најдобар резултат постигна десничарската Републиканска партија, која ја доби довербата од 38 проценти од гласачите, а по неа следат социјалистите и зелените со околу 35 проценти, пренесува Франс 24.
Ле Пен на регионалните избори излезе со амбиција да освои повеќе региони, што ќе биде голем поттик за претседателските избори следната година, но нејзините кандидати најверојатно нема да победат во ниту еден од нив.