Во вечерашното интервју за емисијата „Економски магазин“ на Алсат, првиот човек на Македонска пошта, Јани Макрадули, потсети дека граѓаните имаат можност преку пошта на домашната адреса да ги добијат изводите од Матичната книга. Како што најави тој, Пошта е во преговори и други документи да може да се добијат по пошта наместо да се оди по шалтерите.

„Возачката дозвола, Личната карта…, формирана е работна група да се промени законот за лични податоци…зошто да доаѓа двапати, еднаш да се слика и еднаш да ја земе, кога може поштарот да му ја донесе дома. Тоа е еден правец во којшто сериозно работиме“, вели Макрадули.

– Advertisement –

Прикажи повеќе