Нашата параолимпијка Оливера Наковска Бикова, предводена од тренерот Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината П4-пиштол слободен избор.
Во квалификациите Оливера имаше одличен резултат (538) со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финале. Оливера во продолжение на натпреварот значително ги подобри своите перформанси и со изедначениот личен рекорд во оваа дисциплина, сигурно зачекори во финалето.
Во самото финале, Оливера по првите пет истрели се најде на второто место, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и повторно да ја израдува нацијата. /Gol.mk/