Македонија e 87-ма меѓу 137-те држави во новиот извештај „Среќата во светот 2023“ на Обединетите Нации (ОН), на последното место е на Балканот и котира меѓу најнесреќните држави во Европа. Полошо се рангирани европски држави од Македонија се само Грузија (90 место), Украина (92) и Турција (106).

Најсреќна држава во светот е Финска, која има просечен резултат од 7,804. Во првите пет држави се наоѓаат уште и Данска, Исланд, Израел и Холандија. Најдобро рангирана во регионот е Словенија на 22 место, по која следуваат Косово на 34 место, Србија на 45-то, Хрватска на 48-то, Грција на 58-то, Црна Гора на 67-то, БиХ на 71-то, Бугарија на 77-то и Албанија на 83-то.