Познати се патниците во полуфиналето на Мастерс турнирот во Монте Карло, таму ќе бидат Циципас, Еванс и Рууд и Рубљев.

Андреј Рубљев го победи Рафаел Надал со 6:2, 4:6, 6:2 и избори пласман во полуфиналето на турнирот од Мастерс серијата во Монте Карло. Тоа беше одличен натпревар, со неколку неверојатни поени во кои Русинот покажа дека прераснува во врвен ас. Тој ќе игра против Норвежанецот Каспер Руд, за место во финалето.

Даниел Еванс триумфираше над Давид Гофан. Белгиецот водеше со 1:0 (7:5), Британецот направи пресврт освојувајќи ги следните два сета со 6:3 и 6:4.

Со резултат 7:5 и 1:0 во сетови за Стефанос Циципас, Алехандро Давидович Фокина го предаде мечот и на тој начин Гркот оствари уште еден триумф.

Фабио Фоњини од Италија доживеа елиминација откако за нешто повеќе од еден и пол час игра загуби од Норвежанецот Каспер Рууд (6:3, 6:4). Познати се и полуфиналните двојки: Еванс-Циципас и Рубљев-Рууд.