Кралицата на поп-музиката, Мадона, вчера го прослави Денот на вљубените со Ахламалик Вилијамс, нејзиното 36 годишно момче.

Иако изминатите месеци Мадона (62) постојано е мета на критики и јавни осуди поради фактот што има толку голема разлика во возраста помеѓу овој љубовен пар, се чини на Мадона воопшто не и е грижа што се зборува за неа.

Уште еднаш покажа дека ужива во друштво на својот сакан па по повод Денот на вљубените, таа на својот инстаграм-профил објави серија заеднички фотографии.

Оваа година патував низ целиот свет со мојот Валентин. Ох, колку прекрасно патување. Среќен ден на вљубените г-дин Вилијамс“, напиша Мадона во описот на фотографиите.

Ова не е прв празник што Мадона го слави со него. Во ноември минатата година, Мадона го прослави Денот на благодарноста во негово друштво, а на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира во скутот на младиот танчер.