Нашата позната модна дизајнерка Маја Кикириткова прозборе за мајчинството и двете бремености, за целата убавина што ја носат истите, но, и за сите стравови и потешкотии низ поминала.

Кикириткова е мајка на две деца, синот Лазар и помалата ќерка Ева кои ги дели со нејзиниот сопруг Александар Трајковски.

Маја на социјалните мрежи постојано споделува моменти од својот живот, отворено и искрено зборува за мајчинството, но и за потешкотиите со кои се соочила во текот на двете бремености.

Овојпат, на својот инстаграм-профил објави фотографија на која се гледаат траги од двете бремености и двата тешки царски реза кои ги имала. Во описот на фотографијата таа ја сподели својата приказна.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

Ова е мое тело, тело после две бремености, тело после два тешки царски реза. Да ова се мои лузни, ги сакам и сум горда на нив, една за Лазар и една за Ева.

Кога останав бремена со Лазар цело време во мисла ми беше природен пораѓај. На докторот постојано му зборував како сакам детето да се роди природно, а он само викаше, Маја додека не влезеш во 36та гн, не правам муабет на темата пораѓај. И во право бил, не ја дочекав 36та недела.
Тој ден 22.12.2017, сабајлето бев на преглед кај матичната, ми рече, супер е сè, уживај последните недели од бременоста. Во 17h, требаше да одам на јога за трудници. Влегов да се спремам и видов дека сум прокрварела. Александар беше предновогодишно во кафана. Не му се јавив да не го возмемирувам, потсвесно верував дека не е ништо сериозно, иако знаев дека не е во ред“, продолжи таа.

Го побарав докторот и рече, дојди дежурен сум. Отидов во болница, крварењето беше пообилно.
Ми рече, Маја ќе мора да те задрживме во болница, плацентата е одлепена. Ќе те следиме, доколку можеме некој ден да пролонгираме. А јас, ама докторе јас сум 34та. Му се јавив на Александар, дојде со брзина на светлината. Не можев да издржам ни неколку саати, а не неколку денови. Во 20:10 се роди Лазар. Итен царски, затоа што ако не се реагирало на време, прво се губи бебето, па мајката. Втор пат бремена, молење да дочекам 36та, милијарда испитувања и пак истото, пак прокрварев, пак 34та, пак во болница и пак итен царски.

И да, не сум царица, царицаХ2 сум, затоа што имам две прекрасни деца, живи и здрави
Сите ние сме царици, без разлика дали сме родиле природно или царски. Каква е вашата приказна?“, напиша Маја.