Ромелу Лукаку, на пресконференцијата пред натпреварот се осврна на неколку работи кој би сакал да ги ,промени и да стане посилен играч.

Во пресрет на натпреварот, Белгиецот даде интересна изјава, со која го пофали Роналдо и кажа во кои параметри смета дека е подобар од Португалецот.

„Рекордите на Роналдо се неверојатни. Ако некој може да ги сруши, тоа е тој. Наклон до под за тоа, особено ако се земе предвид бројот на години. Би сакал да ја имам неговата сила на шут и дриблингот, додека тој би требало да ми биде љубоморен на физичката сила и завршницата“, изјави Лукаку.

Предводниците на Белгија и на Португалија истовремено се и во меѓусебна индивидуална битка на ЕП, со оглед што се најсериозни кандидати за епитетот најдобар стрелец. Роналдо досега постигна пет голови, а Лукаку четири.