Угледниот „Атлетик“ објави, а голем број портали во Англија ја пренесоа веста дека тренерот на Лидс, Марсело Биелса, или популарно го нарекуваат „Лудакот“, е сериозно заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Како што пишуваат медиумите, тренерот на Лидс бил воодушевен од техничките способности на нашиот дијамант, па се очекува по Европското првенство англискиот тим да тргне во „операција“ за негов ангажман. Елмас има договор со Наполи до 2025-та година, сега италијанскиот тим има нов тренер, тоа е Консеисао, па останува да се види дали ќе сакаат да се откажат од него. Познато е дека Елмас не играше многу кај Гатузо и да останеше тој тренер, веројатно одлуката за заминување ќе беше полесна. Во овој случај ништо не е сигурно.

Сепак, „Атлетик“ тврди дека Лидс ќе понуди нешто повеќе од 17 милиони евра на Наполи, колку што овој тим плати на Фенербахче пред две години, но ќе понуди и плус бонуси со цел да го убедат раководството на италијанскиот тим да го пуштат Елмас. Освен Лидс, за Елмас се заинтересирани Бенфика и Борусија Дортмунд.

Од друга страна, пак, се чини дека Езгјан Алиоски е на излезната врата. Се спомнуваше преселба во Галатасарај, наводно се е завршено, само се чека крај на ЕП.