Лука Модриќ со години е еден од најдобрите играчи од средниот ред.

Искусниот хрватски фудбалер својата кариера најверојатно ќе ја заврши во Реал Мадрид, каде игра веќе девет години.

Сепак, лесно можеше да се случи Лука да го облече дресот на Баерн Минхен. Карло Анчелоти го посакуваше таму кога дојде во клубот во 2016 година, но не успеа да го донесе.

Од „Атлетик“ наведуваат дека Реал постави „луда цифра“ пред Баерн, која баварскиот гигант не сакаше да ја плати, па Анчелоти остана без Модриќ во Баерн.

Италијанскиот стручњак не остана долго во Германија. Тој замина по година и пол, а по заминувањето работеше во Наполи.

Анчелоти во моментов е менаџер на Евертон, а во својата кариера има работено за Реал, ПСЖ, Челзи, Милан, Јувентус, Парма и Реџани.

Од друга страна, Модриќ е член на Реал Мадрид од 2012 година. Тој ја доби и наградата за најдобар играч на светот во овој клуб, освои апсолутно сè и како што стојат работите, летото 2022 година тој можеше да ја заврши кариерата меѓу Кралевите.