Играчот за врска на Манчестер сити, Кевин Де Брујн ќе биде надвор од терените еден месец поради повреда заработена на одложениот натпревар во Премиер лигата против Астон Вила (2-0), пренесува „The Sun“.

Според британскиот медиум, 29-годишниот Белгиец се здобил со повреда на тетивата, поради што ќе пропушти 4 недели.

Во сезоната 2020/21, Де Брујн одигра 23 натпревари за Манчестер сити, постигна три гола и 15 асистенции.