„Најголемиот скандал денеска во државата е одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да се изгласаат уставните измени“. Ова го изјави новиот министер за правда Кренар Лога кој гостуваше во ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“.

„Тие се најголемите виновници, и нивното раководство. Јас мислам дека уставните измени ќе бидат решение брзо, особено кога сме блиску до договор меѓу Косово и Србија. Ова ќе го направи патот многу полесен да се реши и оваа мисија“, рече Лога.