Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул вечерва загуби од Манчестер сити со 4:1 во дерби натпреварот од 23. коло во Премиер лигата.

Тимот предводен од Јирген Клоп ја продолжи низата без победи на домашен терен која изнесува пет натпревари. „Црвените“ на последните пет средби на „Енфилд“ имаат три порази и два нерешени исхода.

Последен пат Ливерпул на „Енфилд“ победи на 16 декември 2020 година против Тотенхем (2:1).

По 23 одиграни натпревари Ливерпул има 40 бодови и е на 4.место на табелата, додека Манчестер сити е лидер со 50 бода од 22 натпревара.

loading…