Во Либан денеска е воведена 25-дневна блокада низ целата земја за да се ограничи ширењето на коронавирусот.

Ова е трето „заклучување” во Либан откако првиот случај беше пријавен кон крајот на февруари.

Од денеска голем број компании се затворени, а сообраќајот е ограничен наизменично на парни и непарни броеви на регистарските таблички.

Бројот на летови на единствениот меѓународен аеродром во земјата исто така е намален.

Од денеска полицискиот час стапува на сила од 18 до 5 часот наутро, кој ќе трае до 1 февруари.

Во Либан вчера имаше рекорден број новозаразени – 4.166 случаи пријавени во изминатите 24 часа.

Вкупниот број заразени со Ковид-19 е речиси 200.000.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 21 смртни случаи, така што вкупниот број  починати од коронавирус е повеќе од 1.500.