-До нас пристигнуваат информации од луѓе на високи позиции во ВМРО-ДПМНЕ, за наводни разговори помеѓу Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски во посредништво на структури од соседна Бугарија кои кулминираат со најновата понуда за промена на уставот според хрватскиот модел, изјави Мециновиќ од Левица, кој притоа додава:

-Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку лагата за безболен “хрватски модел” за менување на Уставот, обелодени дека совршено се вклопува во крајната цел на сегашниот неизбран премиер Димитар Ковачевски и пробугарската СДС.

Минатото лето народот одлучно кажа НЕ за бугаризацијата на Македонија преку т.н. француски предлог и го искажа својот пркос за задржување на цивилизациското право на самоопределување. Сега, раководството на ВМРО-ДПМНЕ остава впечаток на амортизер на народното незадоволство, и затоа скапо ќе чини формирањето на нови лаги во координација со СДС и ДУИ.