Двете победи во првите три трки од сезоната оставија впечаток дека Ферари и Шарл Леклер оваа година може да бидат прогласени за светски шампиони во Формула 1, но тоа не се случи. Различните грешки кои ги наравија поединци или екипата во целост, му помогнаа на Ред Бул и Макс Верстапен да ги освојат двете шампионски титули.
Леклерк, благодарение на второто место во неделата во Абу Даби, беше втор и во шампионатот на возачи, мала утеха за пилотот на Ферари.
„Задоволен сум, бидејќи немавме соодветно темпо да го постигнеме, но го принудивме Ред Бул да користи погрешна стратегија и тоа беше нашиот првичен план.
Задоволен сум од второто место, бидејќи имавме голем притисок, но на оваа последна трка бевме совршени. Ова второ место во генералниот пласман се надевам дека ќе биде поттик и за мене и за Ферари да се снајдеме подобро следната година. Се надевам дека ова ќе биде година на транзиција, за победа следната година.
Не негирам дека целта следната година ќе биде шампионската титула. За оваа година второто место беше максимално. Не негирам дека оваа година често размислував за титулата, особено по првите трки, бидејќи бевме брзи. Емотивно беше тешка година, особено на средината на сезоната, но ќе ни послужи како почетна точка за во иднина“, изјави Леклер.