Шпанецот, Чаби Алонсо кој зад себе како играч има импресивна кариера, пред се во дресовите на Реал Мадрид и Баерн Минхен, конечно ќе добие голем тренерски предизвик. Како тренер тој почна во младинските тимови на Реал Мадрид, од 2019-та е тренер на вториот тим на Реал Сосиедад, а сега се сели во Бундеслигата. Според угледниот италијански новинар Фабрицио Романо, кој важи за добро информиран, Чаби Алонсо ќе седне на клупата на Борусија Менхенгладбах.

Како што пишува Фабрицио Романо, договорот е постигнат, а Алонсо на кормилото на германскиот тим ќе биде од јуни, односно по завршувањето на оваа сезона и ќе го замени Марко Росе.

Како играч Алонсо имаше големи успеси. Играше за Реал Сосиедад, па потоа направи трансфер во Ливерпул. Таму се задржа од 2004-та до 2009-та. Ао англискиот тим го освои ФА Купот, Лигата на шампионите, УЕФА суперкупот. Потоа се пресели во Реал Мадрид. За пет години во Мадрид, освои една титула, два Купа, Лига на шампиони,. Од 2014-та до 2017-та во Баерн Минхен, каде се пензионираше, освои три титули, по еден куп и суперкуп на Германија.

Како што е познато со селекцијата на Шпанија два пати беше Европски првак и еднаш светски.