Екипата на Интер ја отвори новата сезона во Серија А феноменално.

Актуелниот шампион на Италија без поголеми проблеми ги совлада Џенова и Верона и покажа дека и оваа сезона ќе биде еден од главните кандидати за Скудетото.

Тренерот Симоне Инзаги е пресреќен што му се придружи на Лаутар Мартинез како Един Џеко и Хоакин Кореа на врвот на нападот и „нероаѕурите“ повторно имаат напад од далечина.

Поранешниот напаѓач на Интер, Хулио Круз смета дека Кореа и Лаутаро треба да бидат дуо кое ќе игра постојано.

„Близнаци пред голот? Да, јас би рекол така“, истакна Круз за „Газета дело Спорт“ и продолжи:

“Го гледав натпреварот на Аргентина против Венецуела со пријателите. Лаутаро и Кореа се најдоа како да имаат ГПС. Тие многу добро се разбираат и покриваат. Фактот дека играат заедно во Интер и репрезентацијата дополнително ќе ги зајакне”, изјави Круз.

Кореа имаше навистина феноменално деби во дресот на Интер. Влезе во натпреварот со Верона и постигна два гола за победа.