Легендарниот американски кошаркар Карим Абдул Џабар објави дека примил вакцина против коронавирус и упати јавен апел луѓето да го следат неговиот пример.

Најдобриот стрелец на сите времиња во НБА лигата и кошаркарската Куќа на славните снимија кратко видео на кое се гледа како Џабар се вакцинира и истото од денеска ќе се емитува за време на телевизиските преноси од НБА натпреварите.

Џабар минатиот месец откри во јавноста дека му била извршена операција на срцето и оти боледува од рак на простата и леукемија.

-Мораме да изнајдеме нови начини да се заштитиме меѓусебе, кратко порача легендата на НБА лигата.