Ѕвездата на актуелниот првак Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, е нов сопственик на неславниот рекорд според бројот на загубени топки во историјата на НБА лигата.

Џејмс во синоќешниот триумф на Лејкерси над Мемфис (115:105) запиша пет загубени топки зад своето име со што стигна до вкупно 4.526 во својата кариера.

Со тоа Џејмс го мина на вечната листа легендарниот центар на Јута, Карл Мелоун, кој се повлече во 2004 година по 19 сезони во НБА лигата.

Џејмс претходно овој месец го мина Вилт Чембрлен на третото место според бројот на реализирани слободни фрлања во историјата на НБА, позиционирајќи се засега зад Мелоун и Карим Абдул Џабар.

НБА резултати од ноќта меѓу саботата и недела:

Феникс – Филаделфија 120:111

Атланта – Индијана 113:125

Њујорк – Хјустон 121:99

Голден Стејт – Бруклин 117:134

Јута – Мајами. 112:94.

loading…