Поп – ѕвездата Лејди Гага го прекина молкот на социјалните мрежи, а се огласи доцна синоќа по повод упадот на приврзаниците на Трамп во зградата на Конгресот.

На Твитер, таа ги обележа Трамп и неговите приврзаници како терористи, барајќи негово отповикување и побара да има забрана повеќе никогаш да нема право на учество на претседателските избори во САД

„Се надевам дека ќе се фокусираме на повлекувањето на Трамп, така што Конгресот ќе има право да го дисквалификува од сите идни претседателски избори. Тој предизвика терор. Колку повеќе насилство треба да се случи? Ова е тероризам“, напиша Гага на Твитер.

Десетици приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на американскиот Конгрес пред два дена за време на седницата на двата дома и привремено спречија законодавниот дом да ја потврди победата на демократскиот кандидат Џозеф Бајден на претседателските избори.